Се санираат оштетените коловози во Кавадарци

 

Општина Кавадарци започна нова кампања за санирање на оштетените коловози на улиците, информираат од општината.

Започна е постапка на отворање на дупките при што се гребе оштететниот асфалт, а на одредени места се отстрануваат гранитните, или бекатон коцките со кои претходно биле „закрпени“ оштетувањата на улиците.

 

Со оваа кампања ќе бидат опфатени повеќе улици со вкупна површина од 2250м2. Согласно проектот за санирање на ударните дупки, градот е поделен на 10 реони. Во првата фаза се врши гребење на оштетувањата по што ќе следува нивно санирање со асфалт според извршената реонизација.