Викендот дожд и заладување

 

Позначителна промена на времето се очекува за викендот кој е пред нас.  Метео прогнозерот  Славчо Попвски информира дека за време на викендот кој ни доаѓа нашата територија ќе биде под влијание на северно воздушно струење и на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено од пладневните часови па натаму.

 

Локално се можни и нешто ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследени со услови за појава на град, поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

 

Поради продорот од север, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање особено во недела, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.