(ВИДЕО) Децата од градинка на квиз натпревар „Весел детски семафор“

 

Одлични познавања на елементарните сообраќајни правила и прописи покажаа децата од големите групи во детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци. Нестрпливо учесниците во квиз натпреварот „Весел детски семафор“, кој се одржува секоја година,  ја чекаа можноста да дадат одговор на наградните прашања.

 

И годинава во живи комисијата беа претставниците на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кавадарци. Љупчо Лазов вели дека поголема безбедност во сообраќајот се постигнува кога основните правила и прописи се учат уште од најрана возраст.

 

А.Д