Тројца кавадарчани се вратија со медали од Балканското првенство во ХСТ

Тројца кавадарчани се вратија со медали од Балканското првенство во ХСТ

 

Од 2 до 6 мај годинава на 11-то Европско и 6-то Балканско првенство во ХСТ – брзо примање и предавање знаци од Морзеовата азбука, Македонија ја претставија тројца кавадарчани од радио клубот „Искра“.

 

Во сениорска категорија се натпреваруваше Дарко Трјков и тој освои  2 бронзени медали од двете првенства, Младен Марковски во категорија ветерани исто така освои 2 бронзени медали и Миле Трајков кој освои 3 медали од кои еден сребрен и два бронзени.

 

Екипно, репрезентацијата го освои третото место на Балканското првенство.

 

Во дисциплината РУФЗ – брзо примање на радиоаматерски знаци, Миле Трајков го освои првото место на Балканот.

На натпреварувањето учествуваа околу 130 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Русија, Белорусија, Унгарија, Романија, Швајцарија, Србија.

 

К.Ѓ