Синоќа опожарен магациснки простор во „Брушанско маало“

 

 

Пожар синоќа зафати магацински простор во близина на „Брушански мост“ во Кавадарци. Повредени во пожарот нема, а се утврдуваат причините и материјалната штета.

 

„Постоеше голем ризик пламените јазици да ги зафатат и околните објекти. Изгоре само магацинскиот простор каде имаше дрва и буриња со лесно запаллива течност, нафта“ рече командирот на кавадаречката противпожарна единица Илчо Богевски.

 

Тој информира дека во гасењето на пожарот интервенирале со две возила и пет пожарникари.

A.Д