Лозарите ги добија двата денари дополнителна субвенција

Лозарите ги добија двата денари дополнителна субвенција

 

На сметките на лозарите легнаа 104 ,7 милиони денари по основ дополнителни субвенции од два денари за килограм грозје предадено во регистрирани преработувачки капацитети.

 

– Денеска може да си ги подигнете парите за дополнителните субвенции од два денара за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет. Продолжуваме со истото темпо, навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога Ви се најпотребни, објави вчера  на фејсбук профилот на министерот за земјоделство Љупчо  Николовски.