(ФОТО) Претседателот Иванов со фамилијата веста за Христовото воскресение ја дочека во Кавадарци

 

Меѓу големиот број верници кои синоќа дојдоа во храмот Света Петка во Кавадарци да ја слушнат радосната вест за Христовото Воскресение беа и претседателот на државата Ѓорге Иванов и градоначалникот Митко Јанчев со своите семејства.

 

 

По опходот на црквата, како што налага традицијта и двете семејства се кршеа со Велигденски јајца.