(ФОТО) Расчистување на околината на споменикот на 12 сте младинци

(ФОТО) Расчистување на околината на споменикот на 12 сте младинци

 

Општина Кавадарци спроведе акција за расчистување на околината на споменикот на 12 младинци кај Моклиште.
Во соработка со компанијата „Ја-Ми“ која донираше механизација, беа расчистени: пристапниот пат од спојот на регионалниот патен правец до споменикот, потоа обраснатиот простор на платото кај споменикот, како и пешачката патека која води од споменикот до одморалиштето кај воденицата.

 

Во акцијата, од обраснатите грмушки и наносите од земја беше расчистен и делот околу чешмата која се наоѓа на влезот.
Ова е само дел од активностите што ќе ги превземе општина Кавадарци во делот на уредувањето на најзначајниот споменик од историјата на НОБ во Ваташа и Кавадарци – информираат од прес службата на општина Кавадарци.