Јанчев се сретна со кошаркарките на „Трокал“

Јанчев се сретна со кошаркарките на „Трокал“

 

 

Честитки за освоеното прво место на турнирот за девојчиња до 14 години им упати градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на кошаркарките на клубот Трокал.

 

Тој денеска се сретна со нив и нивниот тренер и им посака многу успех и во следните натпреварувања.

 

 

На овој турнир младите кошаркарки од Кавадарци покажаа зрелост, самоувереност и стабилност во играта, а сето тоа ги направи победници на турнирот организиран од МКФ.

 

А.Д