(ВИДЕО) Германскиот амбасадор во Македонија во посета на Кавадарци

(ВИДЕО) Германскиот амбасадор во Македонија во посета на Кавадарци

 

Градоначалникот на општина Кавадарци денеска имаше работна средба со амбасадорот на Германија во Република Македонија, Томас Норберт Герберих.

 

Во изјавата за медиумите информираа за разговорите и можноста за идна соработка. Амбасадорот нагласи дека Кавадарци е мошне значајна општина, бидејќи овде се наоѓа големата германска инвестиција, Дрекслмаер и брендот Синалко.

А.Д