
Општина Росоман за прв пат празникот Свети Трифун го славеше на сопствена манифестација. Во спортската сала на училиштето „Пере Тошев“ на неколку штандови големиот број посетители имаа можност да дегустираат од најдборите домашни вина, ракии и традиционални јадења од росоманско.
Празникот на лозарите им го честитаа градоначалникот Бранко Јанев, амбасадорот на Холандија во Македонија Вилем Ваутер Пломп и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски.
М.М