(ФОТО) Поставен пешачки мост на улица „Шишка“

(ФОТО) Поставен пешачки мост на улица „Шишка“

Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци го реализираше проектот „Пешачки мост на улицата „Шишка“.
Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.

Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.  На источната стран ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај основниот суд.

 

Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, долг е 21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.
Со овој проек општината реализира едно долгогодишно барање на
жителите.   За неговата изградба се наменети 700.000 денари