
До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремен дожд, кои ќе започнат од запад. Повремено ќе дува засилен јужен ветер. Послаби врнежи ќе има на истокот и понекаде во централните делови.
Врнежите ќе продолжат и утре кога ќе бидат поинтензивни и ќе се проследени со засилен на моменти силен југозападен ветер (над 80км/ч).
Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег.
Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.на времето.
УХМР