Полицијата едуцира за заштита од тешки кражби

 

Продолжува кампањата на МВР преку која граѓаните се едуцираат како да се заштитат од тешки кражби.  Минатата недела едукативни флаери беа поделени на граѓани пред банки, пошта, продавници и слично, а денес акцијата продолжи и низ централното градско подрачје, Ја реализираа инспектори од отсекот за превенција при СВР Велес и полициска станица Кавадарци.

 

Им се апелираше на граѓаните како да се заштитат од тешки кражби во куќи и станови. Инспекторите за превенција преку непосредна средба со граѓаните, усмено и преку флаери советуваа и препорачаа како да се заштитиме и кои превентивни мерки да ги превземеме за да го заштитиме сопствениот дом кога излегуваме надвор за краток период или на подолго време . Кои се неопходните мерки кои треба превентивно да ги превземеме додека сме на одмор, на зимување и слично,а домот останува е празен и незаштитен.  И минатата недела и денеска Полицијата потенцираше дека ваквите активности продолжуваат со цел да се подигне свеста кај граѓаните и да се намали пројот на провали и кражби.

 

Инаку во акцијата која беше реализирана денеска учествуваа и студенти од факултетите од областа на безбедноста во република Македонија.

 

М.М