Повреден пешак кај мотел „Дреново“

Повреден пешак кај мотел „Дреново“

 

   Триесет и едногодишниот Д.Л од Кавадарци вчера бил повреден од автомобил во близина на мотел „Дреново“, информираат од МВР.

Повредениот пешак околу 17 часот се движел по магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на крстосницата кај мотелот.

 

„Во Д.Л удрил патнички автомобил марка „Ауди А6“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од педесет годишниот С.С. Пешакот е повреден и е пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци од каде по укажаната медицинска помош и утврдените повреди е пренесен во Клинички центар Скопје“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

По овластување од Основно јавно обвинителство   увид на местото на настанот извршила екипа од кавадаречката полициска станица.

 

А.Д