
За прв пат оваа година во Кавадарци за време на верскиот празник Бадник ќе се организира бадникова-божиќна поворка. За таа цел во црквата Света Петка во Кавадарци под менторство на наставникот по етика во религиите, Весна Ѓорѓиева хор составен од ученици во основните училишта се подготвува за овој настан.
Старешината на храмот, отец Трајче Грозданов во изјава за КТВ информираше за овој настан и ги покани верниците да се приклучат во празничната поворка.
А.Д