
Патека која му беше многу потребна на инвалидизирано лице во с.Возарци е веќе изградена, информираа денес од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Патеката е донација од Градоначалникот преку компанијата Кожувчанка.

Исто така од кабинетот на Јачев информираат дека се работи и на пробивање на ул.Лазо Асијата покрај турските гробишта.
„За ова пробивање имаше доста голем број пријави од граѓаните и им беше од големо значење“ – велат од општината.
