Горан Тодоров – нов претседател на СДСМ Кавадарци

Горан Тодоров е избран за нов претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.

 

 

Тодоров е дипломиран инжинер по индустриска логистика и работи како раководител на производство во компанијата Кодинг Горска.

Претходно беше член на Извршниот Одбор на СДСМ Кавадарци и шеф на општинскиот изборен штаб на СДСМ Кавадарци.