Од Локалната самоуправа Росоман ги информираат граѓаните од населените места Сирково, Камен Дол, Дебриште, Манастирец и Паликура дека водата за пиење од селските чешми и локалните водоводи не е за пиење.

Согласно решенијата од Агенцијата за храна и ветеринарство во селото Дебриште има забрана за пиење на водата од природните чешми и локалниот водовод. Во село Паликура исто забраната се однесува на водата од природните чешми и селскиот водовод, во Манастирец водата е забранета само од локалните шешми, додека за Сирково и Камен Дол забраната за пиење на водата се однесува за водата од селските чешми и од локалниот водовод.
Од локална самоуправа Росоман нагласуваат дека за сите населени места каде има забрана за пиење на водата ќе биде обезбедена чиста вода со помош на цистерни.
М.М