(ФОТО) Нова донација од ЈА-МИ: Се расчистуваат сливниците на патот Кавадарци-Дреново

 

Механизација на компанијата ЈА-МИ од Кавадарци во моментов е ангажирана на ископ на канавки и расчистување на сливниците на патот Кавадарци-Дреново, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

 

 

 

И оваа акција е донација од ЈА-МИ, сестра фирма на Кожувчанка. Багерот ќе биде на располагање 12 дена. По завршување на работите на овој пат ќе се работи и на патот Ресава Бегниште.