(ВИДЕО) Градоначалчникот на Неготино започна средби со граѓаните од месните и урбани заедници

(ВИДЕО) Градоначалчникот на Неготино започна средби со граѓаните од месните и урбани заедници

 

Со одржувањето работни средби со жителите на селата Тремник, Дуброво и Војшанци започна серијата состаноци кои градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе ги одржи со претставниците на месните и урбаните заедници во населените места и во градот.

 

Придружуван од претседателот на Советот Диме Витанов, советникот Борче Коцев и вработени во локалната администрација Делков пред присутните истакна дека овие средби ќе бидат правило во неговиот 4-годишен мандат, а не исклучок, а нивна цел е да се слушне гласот на граѓанинот.