
Импресиите од живеењето во општина Кавадарци претставници на мировен корпус денеска му ги пренесоа на градоначалникот Митко Јанчев. Тие имаа официјална средба со првиот човек на Кавадарци, од кого беа запознати со неговото работење и планови за развој на општината.
Јанчев кажа дека ќе ја памети денешната средба со претставниците на мировниот корупус бидејќи му е прва официјална делегација што ја примил во неговиот кабинет по стапувањето на функција.
А.Д