(ВИДЕО) Винотек организира дегустација и промоција на вина и производи од грозје

 

„Гроздобер – Кавадарци “ е насловена манифестацијата за промоција и дегустација на вина и производи од грозје што ја организира здружението „Винотек“ од Кавадарци.

 

Манифестацијата ќе се одржи утре со почеток во 14 часот во ресторан „Јасмин“. Претседателот на „Винотек“, Јован Еленов упати покана до сите заинтересирани да присуствуваат на манифестацијата.