Празникот Митровден одбележан во селото Мрежичко

 

Голем број православни верници од Тиквешијата денеска беа во селото Мрежичко. Таму традиционално се прославуваше празникот Свети Димитрија – Митровден.

 

Во црквата посветена на Свети Димитрија се отслужи света златоустова литургија.

За сите граѓани кои сакаа да присуствуваат на ова одбележување беше организиран и бесплатен превоз.