
Новите сопственици на „Фени индустри“, комапнијата „ЕНЕКОД“ АД ги демантира објавените информации во некои медиуми дека наводно ништо од договорот за купување на комбинатот.
Писмото ви го пренесуваме во целост:
„Компанијата „ЕНЕКОД АД“ се нема откажано од зделката ниту пак од условите во преговорите. Ве уверуваме дека и покрај откажувањето на старите сопственици и раководството на претпријатието, раководството на „ЕНЕКОД АД“ ќе ги исполни превземените обврски, а со тоа и исплаќањето на плата на вработените во „Фени индустри“ пишуваат новите сопственици на „Фени“.