ЛИ/2017 (ВИДЕО) Китев и Јанчев потпишаа меморандум: Младите да бидат дел од заложбите на идниот градоначалник

ЛИ/2017 (ВИДЕО) Китев и Јанчев потпишаа меморандум: Младите да бидат дел од заложбите на идниот градоначалник

Младите ќе бидат дел од заложбите на идниот градоначалник на Кавадарци. Со потпишан меморандум ова го гарантираа денеска двајцата кандидати за градоначалници Бетијане Китев од СДСМ и Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ.

 

Меморандумот го потпишаа на неформален собир со млади луѓе, организации, неформални групи и клубови, организиран од страна на Националниот младински совет на Македонија, преку проектот младински изборни муабети, избори се, подржан од канцеларијата на националниот демократски институт во Скопје.

 

Китев и Јанчев имаа можност пред присутната младина во фоајето при домот на културата Иван Мазов Климе накратко да презентираат дали и колку во нивната изборна програма ги има младите и заложбите за нив. Во изјава за медиумите и двајцата потенцираа дека ја подржуваат стратегијата која ја потпишаа и ветуваат подобар живот за младите во Кавадарци.   М.М