ЛИ/2017 (ВИДЕО) Демократски сили на ромите: Да не се врши притисок врз ромите

 

Претседателот на општинската организација на „Демократски сили на ромите“ Кавадарци, Илми Османов на прес конференција упати апел да не се вршел притисок врз ромите за кого да гласаат на локалните избори, туку тие да си гласаат по сопствено мислење.

 

Рече дека имале успешна соработка со актуелниот градоначалник Александар Панов, а неговата партија давала подршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.