(ФОТО) Камион на Комуналец се заби во новиот кружен тек

 

Камион за износ на смет на ЈП Комуналец Кавадарци денеска пртпладне удрил во новиот кружен тек кај ООУ „Гоце Делчев“. Од ударот оштетено е возилото, а штета има и на жардињерата.

 

 

Екипа на кавадаречката полиција изврши увид на сообраќајната незгода, а вработени во Комуналец работеа на оспособување на камионот да биде тргнат од местото. Неофицијално дознаваме дека возачот заспал и поради тоа се случила незгодата.

 

 

 

Од полицијата рекоа дека возачот бил алко тестиран и кај него не е пронајден алкохол. Се работи на целосно утврдување на причините за оваа незгода.

 

А.Д