Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Со писмена реакција на вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци, се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

 

(интегрален текст од писмената реакција на ОК ВМРО – ДПМНЕ Кавадарци)

Владата на СДС поради својата безидејност и недостаток на креативност и сенс за водење на државна политика се почесто ги користат проектите на ВМРО-ДПМНЕ како нивни проекти.

 

Субвенциите за кои зборуваат СДСМ се тековна работа на една Влада на Република Македонија. Таа практика е воведена 2006 година по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Пред 2006 имаше нула субвенции за земјоделците кои едвај крпеа крај со крај.

 

Грижата на СДСМ кон земјоделците ја видовме и во последните два месеци кога цените на земјоделските производи паднаа на најниско ниво во последните 8-10 години.

Исто така Сакаме да ги информираме кавадарчани дека СДСМ во новиот ребаланс на буџет скратија 100 милиони денари во ставката за рурален развој. Дополнително кратат и цели 128 милиони денари од буџетот на министерството за земјоделие намeнети за капитални инвестиции. Со овие кратења можиме да заклучиме дека СДС не им мисли добро на земјоделците и на граѓаните на Република Македонија и тоа од ден во ден е се поочигледно.

 

Заев во текот на февруари оваа година ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра. Тој фонд го нема, а пари за тоа не се предвидени во ребалансот. Заев во текот на изборите ветуваше и додатно 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците. Сето тоа остана само ветување. Ништо нема. само лаги и манипулации на граѓаните, но затоа ќе следи политичка одговорност. Лицемерието на СДС е до толку големо што нивното владеење ке биде запаметено само по неисполнети ветувања, а со последните настани, и по ниското ниво за национална свест и самопочит како Македонци.