Митко Керов назначен за раководител на подрачната единица на МЗШВ

Митко Керов назначен за раководител на подрачната единица на МЗШВ

Денеска за раководител на подрачната единица на Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство во Кавадарци беше назначен Митко Керов. Митко Керов е дипломиран земјоделски инженер од Факултетот за Земјоделски Науки и Храна и претседател на комисијата за Земјоделство во ОО СДСМ Кавадарци – информираа од ОО на СДСМ Кавадарци.

 

Моментално Керов е на магистерски студии на Факултетот за Земјоделски Науки и Храна.

 

По назначувањето на Керов како раководител на подрачната единица за МЗШВ во Кавадарци, граѓаните на Кавадарци и пред се земјоделците ќе добијат сојузник и личност секогаш достапна за нивните потреби и проблеми. За разлика од досегашното работење на ДПМНЕ и досегашниот раководител на оваа позиција Зоран Шалев, отсега лозарите и земјоделците нема да се делат по партиска линија туку ќе имаат еднаков третман и за сите подеднакво вратите на министерството ќе бидат отворени.

 

Митко Керов може да го контактирате на следниов емаил: кerovm30@gmail.com