Владата синоќа донесе неколку одлуки за подршка на земјоделците

Владата синоќа донесе неколку одлуки за подршка на земјоделците

На вчерашната седница владата даде согласност за распишување за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 и над 3 хектари.

 

На седницата на владата се донесоа измени на Предлог програмата за финансиска поддршка во земјоделството како и Програмата за рурален развој со кои се издвоија нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците.

 

Пред министрите од Владата на Република Македонија се најде и информацијата за очекувано производство и откуп на пченица и јачмен, за која беа донесени заклучоци со кои се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да изработи предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година и предлог Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за директни плаќања во земјоделството за 2017.

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение од владата да изработи предлог за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи во делот на одредбите кои го уредуваат пазарот на брашно.