
Марио Ристов од селото Дреново деновиве наполни 16 години. Неговата роденденска желба беше да се асфалтира неговата улица за да може слободно да излезе на сред село. Тој е дете со посебни потреби, но со големо срце и желба денот да го минува со своите врсници од Дневен центар Кавадарци.