(ВИДЕО) Се распаѓа стара куќа на пазарот во Кавадарци – опасност за минувачите!

Во центарот на Кавадарци, на градскиот пазар стара куќа која почна да се распаѓа сее страв кај минувачите. Минатиот петок се срушил еден ѕид, а рушевините сеуште стојат.

 

За среќа при првичното рушење не е никој повреден, но граѓаните велат дека остатоците од куќата можат да се срушат во секој момент и да повредат некого.

 

И сопствениците на околните дуќани велат дека е опасно да се минува во тој дел, бидејќи пред само некој ден гледале како почнала куќата да се распаѓа, а камења има насекаде.

 

Кавадарчани бараат брзо да се реагира, за да не биде предоцна. Најфрекфентно во овој дел е за време на пазарните денови и само поради  мало невнимание  некој може да биде сериозно повреден. Најавените поројни врнежи од  дожд можат целосно да ја срушат старата напуштена куќа во строгиот центар на градот.

А.Д