(ВИДЕО) Црвено бели пешачки премини во Кавадарци за поголема безбедност

(ВИДЕО) Црвено бели пешачки премини во Кавадарци за поголема безбедност

 

Пешачките премини во Кавадарци сега ќе бидат видливи и од далеку. 

 

 

 

 

Се работи на обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Пешачките премини најпрво се обележуваат со црвена подлога, а врз неа ќе бидат белите зебри. Од општината велат дека на овој начин се добива поголема видливост на местото означено за преминување на улицата, а со тоа и поголема безбедност во сообраќајот.