(ВИДЕО) Никола Јанчев и Стефанија Грозданова ќе го претставуваат Кавадарци на државниот натпревар во сообраќај

 

По одржувањето на општинскиот натпревар од областа на сообраќајот „Детски семафор“, најуспешните нетпреварувачи продолжија на регионално натпреварување што се одржа во Велес.

 

Никола Јанчев и Стефанија Грозданова се ученици во седмо одделение при ООУ „Димката Ангелов Габерот“  Кавадарци, кои со освоеното прво место  на општинскиот, си обезбедија учество на регионалниот натпревар. И таму тие се покажаа за најдобри и како победници си обезбедија место на државното натпреварување.

М.М