(ВИДЕО) Ќе се доизградат уште 355 метри од кејот на Луда Мара

 

Реализација на третата фаза за изградба на кејот на реката Луда Мара е новиот проект кој општина Кавадарци денеска го потпиша со Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Проектот тежи околу 15 милиони денари, а кавадарчани ќе добијат уште неколку метри градски кеј.

 

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев за извонредна ја оцени соработката со општина Кавадарци и најави нови проекти за во следниот период.

 

Советот на Вардарски плански регион ја одржа редовната седница во Кавадарци. Градоначалниците од овој регион имаа шест точки на дневен ред.

А.Д