По педесетина години се слушна пак црковното ѕвоно во селото Брушани

По педесетина години се слушна пак црковното ѕвоно во селото Брушани

 

За прв пат после педесет години вчера се слушна црковното ѕвоно во селото Брушани. Таму вчера беше осветувањето на ѕвоното и истото беше поставено на камбанаријата. Донација е од Блашко и Дивна Темови со нивната фамилија.

 

                

 

Жителите на селото Брушани, кое пред педесетина години е потопено поради изградбата на вештачката акомулација Тиквешко Езеро, на 2 март 2013 година ги поставија темелите на црквата Света Недела. Изградбата напредуваше мошне брзо. Иконостасот е целосно завршен, а од управата на црквата најавуваат дека во текот на летото истата ќе биде осветена.

 

Славата на овој храм се одбележува на празникот Света Недела на 20 јули.

A.Д