(ВИДЕО) Осветени два крста кои ќе се постават на храмот Свети Димитрија

(ВИДЕО) Осветени два крста кои ќе се постават на храмот Свети Димитрија

Напредуваат градежните работи за реновирање на храмот Свети Димитрија во Кавадарци.  Таму денеска се изврши осветување на двата крста кои ќе бидат поставени на храмот. Со чинот на осветување чиноначалствуваше Митрополитот на Повардарската Епархија, г.Агатангел. Тој во изјава за КТВ нагласи дека е задоволен од текот на градежните активности и од целиот проект за реновирање на црквата со кој се овозможи значително проширување во внатрешноста бидејќи нема повеќе столбови.

 

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов рече дека општината секогаш ги помага потребите на Повардарската епархија и е подготвена да се вклучи со финансиски средства и во реновирањето на храмот Свети Димитрија.

Ангел Данов