(ВИДЕО) Се намножија кучиња скитници во Кавадарци – проблемот нема кој да го реши

Глутници кучиња скитници сеат страв низ кавадаречките улици. Ги има насекаде, во центарот на градот, во периферијата.

 

Граѓаните стравуваат за својата безбедност и коментираат дека им е страв да се движат низ улиците, бидејќи можат да бидат нападнати од глутница кучиња.

 

Овој проблем подолг период е присутен во Кавадарци, но засега нема никакви активности истиот да биде решен.

 

Шинтерска служба не постои.

А.Д