Обилните врнежи од дожд со кои беше зафатена изминатава недела Тиквешијата повторно беа причина за заматување на водата од водоводниот систем Лукар, со која се снабдуваат жителите на Кавадарци, Неготино и Росоман.
Како што досега информираа надлежните, потребно е да се постават филтри кои ќе ја прочистуваат водата која влегува во водоводниот систем Лукар, при обилни врнежи.
Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов информира дека трите општини, Неготино, Кавадарци и Росоман, заеднички работат на надминување на овој проблем, кој ќе чини околу 3 милиони евра.
А.Д