СДСМ: Зелена нафта и поевтини репроматеријали за лозарите

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски попладнево беше во посета на Кавадарци. Во рамки на манифестацијата Тиквешки гроздобер имаше средба со лозарите.

 

Во изјава за КТВ најави дека СДСМ по доѓањето на власт ќе обезбеделе зелена нафта и поевтини репроматеријали, како би имале лозарите подостоинствен живот.