ФОТО: Заврши петиот турнир во улична кошарка во Росоман

Викендов во Росоман  по 5ти пат се одржа турнир во улична кошарка, на турнирот учествуваа 12 екипи од повеке градови од Македонија како и 4 јуниорски екипи.

 

Во петокот и саботата се играа натпреварите по групи за во Неделата да останат најдобрите 8 екипи. Како најдобри се истакнаа екипата на Жито ЈУГ победувајки во Финалниот натпревар со екипата на Дејзи од Кавадарци. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Блаже Митков а за миленик на публиката Игор Темелков.

 

Со овој турнир Росоманци се покажаа во вистинско светло и спортски дух. Наредната година очекувајте уште подобар турнир, велат организаторите и  упатуваат благодарност до сите спонзори што го поддржаа турнирот и го направија најдобар во регионот.