Во организација на општинската организација на Црвен Крст Кавадарци утре ќе се одржи вонредна крводарителска акција. Хуманите граѓани повторно ќе можат да ја покажат хуманоста на дело во периодот од 9 до 14 часот.
Секретарот на ОО на Црвен Крст, Розе Илова информира дека крводарителската акција ќе се реализира во нивните простории, а крв можат да даруваат сите граѓани кои сакаат со својата драгоцена течност да спасат нечиј живот.
А.Д