По повод одбележувањето на големиот христијански празник Преображение Христово се известуваат сите благочестиви христијани од неготинска општина но и пошироко дека утре во манастирот Свети Ѓорѓи ќе се отслужи архиерејска божествена литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски, г.Агатангел, со свештенослужители од епархијата.
После завршувањето на божествената литургија ќе се пристапи кон реализација на чинот на благословување на грозјето.
Пристигнувањето на Митрополитот се очекува да биде во 08.15 часот. Се покануваат сите верници од неготинско да присуствуваат на празнувањето на празникот Преображение Христово.