Организаторот на стопанско туристичката манифестација Тиквешки гроздобер активно ги подготвува содржините за оваа манифестација која ќе се одржи во првите денови од септември.
Денеска на работен состанок со претставници на основите и средните училишта се договараа деталите за карневалските поставки.
Зоран Станоев од организациониот одбор во изјава за КТВ потврди дека подготовките се интензивирани, со цел присутните на Тиквешкиот гроздобер да уживаат во подготвените содржини.
Станоев најави дека над 800 учесници ќе бидат дел од винскиот карневал кој ќе се одржи годинава.
Рибља Чорба и Парни Ваљак се дел од годинашнава програма за манифестацијата. Ќе има и други музички изненадувања.
А.Д