По повод христијанскиот празник Преподобна маченичка параскева Петка денеска голем број верници беа во новоизградениот храм посветен на заштитничката на Кавадарци.
Се отслужи света архиерејска златоустова литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот на Повардарската Епархија, г. Агатангел, а потоа се изврши водосвет пред храмот. Годинава кумството беше кај семејството Тасеви од Кавадарци.