Општината Кавадарци ги информира граѓаните дека Согласно годишната програма за дезинсекција, утре во утринските и вечерните часови, како и во недела наутро ќе изврши запрашување против комарци.
Запрашувањето на целата територија на Општината. ќе го спроведе Центарот за јавно здравје-Велес,
Се апелира сопствениците на пчели да превземат мерки на заштита на пчелните семејства, како не би дошло до несакани последици.
Доколку во предвидените денови има врнежи од дожд, тогаш запрашувањето против комарци ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите.