Пензионерите од Кавадарци и Лесковац ќе соработуваат

Раководствата на здруженијата на пензионери од Кавадарци и Лесковац-Р.Србија денеска го одржаа првиот состанок на кој ги утврдуваа можностите за соработка. Двете здруженија меѓусебно ги претставија своите активности, а претседателот на кавадаречкото здружение на пензионери Ристо Анѓушев во изјава за КТВ нагласи дека денешниот состанок е резултат на обостран интерес.

 

„Ние пензионерите сме доста активни и сакаме да се дружиме. Истото го сакаат и нашите колеги од Лесковац и лесно ќе најдеме поле за соработка“ рече Анѓушев.

А.Д