Утре и во петок крводарителски акции во Кавадарци

Општинската организација на Црвен Крст Кавадарци неделава ќе реализира две крводарителски акции, согласно планот за крводарување.

 

Kако што информира претседателот на ОО на Црвен Крст Кавадарци, Димитар Каракулев, за утре е закажана првата, од двете акции. Истата е продолжение на долгогодишната соработка со вработените во граничната полиција. Крводарувањето ќе се реализира во просториите на гранична.

 

Втората крводарителска акција ќе се реализира во петок во просториите на Црвен Крст. Крв ќе се дарудва во периодот од 9 до 14 часот. Својата хуманост ќе можат да ја покажат сите хумани кавадарчани.

 

А.Д