Делегации предводени од градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, советот на општината, сојузот на борци, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци и останати чинители на општествено политичкиот живот во Кавадарци денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата која сведочи за формирањето на првиот месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ после Солунскиот.
За историското значење на овој настан говореше директорот на Музеј галерија Кавадарци, Петре Камчевски.
Градоначалникот Александар Панов во изјавата за КТВ рече дека секогаш низ историјата никој не им мислел добро на македонците, па тие се бореле за своето опстојување и самобитност на државата.
A.Д
(повеќе во видео изданието на вестите)